Вести
01.12.2008
И Могила се прогласи ГМО слободна зона
Во петокот на ден 28.11.2008 на својата редовна седница советот на Општина Могила ја прогласи општината за слободна зона од генетски
модифицирани организми со едногласно прифаќање на декларацијата „НЕ за генетски инженеринг во нашите полиња“.
Со тоа Општина Могила се приклучи на трите досегашни општини во Македонија, Велес, Охрид и Чашка, кои веќе се декларираа како ГМО слободни.
_______________________________________________________
27.11.2008
Известување до новинари: Опасни врски: Јавно–приватните партнерства во централна и источна Европа носат многу ризици, предупредува новиот извештај
Центарот за истражување и информирање „Еко-свест“ и CEE Bankwatch Network денес го објавија новиот извештај под наслов Опасни врски:
Ризици од јавно–приватни партнерства во централна и источна Европа. Извештајот денеска се објавува во поголем број земји од централна
и источна Европа со цел да ја прикаже вистинската слика за јавно-приватните партнерства. Извештајот содржи и студии кои најдобро ги
илустрираат проблемите со јавно-приватни партнерства.
_______________________________________________________
09.10.2008
Школа за енергетика
Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ организира Школа за енергетика за младите членови
и волонтери на Еко-свест, членови на невладините организации, студентите на природно-научните и техничките факултети и средношколците-матуранти.
_______________________________________________________
|
|
Среќни празници!
Приклучи се! |
|
|