Втора научна конференција за Аерозагадување

Датум: 30.10.2017.

Локација: Универзитет на Југоисточна Европа, Тетово

Организатор: Еко-свест

 

Почитувани,

Повеќе од 50% од светската популација живее во градовите, а според Светската Здравствена Организација дури 92% од луѓето кои живеат во градовите дишат загаден воздух. На глобално ниво, аерозагадувањето е причина за 36% смртни случаи од рак на белите дробови, 34% смртни случаи од инфаркти, 27% смртни случаи од срцеви заболувања и претставува сѐ посериозен проблем.

Аерозагадувањето е директно поврзано со климатските промени кои се причина за екстремните временски услови со кои е соочен светот. Токсичните материи во воздухот се главна причина за климатските промени.

Од овие причини, сѐ поважно станува точното и навремено информирање за научните факти околу аерозагадувањето и дискусиите околу можните решенија.

Затоа, чест ни е да Ве поканиме на Втората Конференција за Аерозагадување каде ќе се презентираат најновите согледувања во однос на аерозагадувањето во урбаните средини во Македонија. Воедно, Ве покануваме со Вашите идеи и информации, во овој широк собир да најдеме заеднички решенија за постапувањето со овој голем проблем.

Настанот ќе се одржи на 30 октомври 2017 на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово со почеток во 11 часот.

Регистрацијата на учесниците за задолжителна и потребно е да се направи најдоцна до 25.10.2017 година на следниот линк .

Патните трошоци за учество на конференцијата за учесниците од другите градови ќе ги покрие организаторот во висина од повратна автобуска карта.

Работни јазици на конференцијата се македонски и албански, со обезбеден симултан превод.

 



Повеќе

назад